ВИКЕНД ХОРОСКОП: Семејни проблеми за неколку знаци

ВИКЕНД ХОРОСКОП: Семејни проблеми за неколку знаци


Вага

Неповолната клима нема да трае долго, важно е добро да се подготвите на следната фаза. Нема потреба да се однесувате премногу комплексно или наметливо кон саканата личност. Простете му на партнерот за различните пропусти кои ги прави, немојте да ги „гаснете“ љубовните искри.

Шкорпија

Доколку сакате да ја убедите околината дека поседувате практично знаење и интелектуална способност, бидете доволно истрајни во своите цели. Во приватниот живот делувате сомнително и му пронаоѓате различни замерки на партнерот. Сепак, вашата интелигенција не е семоќна во решавањето на основните љубовни дилеми.

Стрелец

За време на викендот ве советуваме добро да ги процените своите можности и услови кои ви стојат на располагање. Во љубовниот дијалог, мудро му ја препуштате доминацијата на партнерот или впечаток дека го има „главниот збор“.

Јарец 

Нема потреба да игнорирате некои емотивни сигнали. Партнерот делува многу занесено и сака да се најде во центарот на вашето внимание, што е прекрасна можност за двајцата. Ќе уживате два дена во романтика и љубов.

Водолија

Се наоѓате под дополнителен емотивен притисок, мора да почитувате нечија волја или барања. Почнува да ве иритира однесувањето на партнерот, направете дистанца.

Риби

Викендов е идеален за љубов. Дозволете му на партнерот да ве води овие два дена. Ваше е да се опуштите и да уживате во се‘ што подготвил тој за вас двајца. Романтична вечера, викенд за романтични филмови, изненадувања.



Претходна страна  

Можеби ќе ве интересира: