Викенд хороскоп: Среќа во љубовта за овие 4 знаци
Вага
Сигурноста и стабилноста на емотивните врски ќе ви станат важни. Енергијата ќе ја насочите кон постигнување на гореспоменатото. Партнерот ќе биде пријатно изненаден. Оние кои се‘ уште се сингл, сега ќе избираат само опции за постојана врска.
Шкорпија
Ве обземаат различни емоции, се што има „љубовен знак“ ви го привлекува вниманието и голем интерес. Чувствувате дека сте во емотивен пресврт, па внимателно го анализирате партнерот или личноста која ви се допаѓа. Љубовните настани што ги чувствувате имаат необичен шарм и ве исполнуваат со позитивно расположение.
Стрелец
Заблагодарете му се на партнерот за сè што прави за вас, давајќи му го вашето максимално внимание. Постои можност осамените луѓе да се заљубат за време на деловен состанок. Зафатените стрелци чувствуваат дека нивната љубов полека ги напушта и треба да бараат излез на друго место. Полека се заморувате од приказната на вашиот партнер, која како да се повторува месец по месец, а со тоа ја зголемувате можноста да навлезете во забранети води, што истовремено ве плаши и прави среќни.
Јарец
Ако сте слободни, подгответе се за нови љубовни испити. Можно е на работа или благодарение на колегите да сретнете некој кој ќе ве освои на прв поглед и буквално ќе ви го одземе здивот. Поради разликата во воспитувањето, образованието или социјалниот статус, можни се проблеми на почетокот бидејќи несигурноста ќе ја криете така што ќе се однесувате темпераментно и агресивно наметнувајќи ги вашите ставови.
Водолија
За разлика од сигурноста која ве придружува кога станува збор за работата, во љубовниот живот чувствувате дека ви треба стабилност и сигурност. Зафатените водолии размислуваат за безбедно пристаниште, па многумина од вас ќе стапнат на лудиот камен во овој период. Само го чекате вистинскиот момент за да му го отворите срцето на партнерот и да му ги откриете своите емоции. Слободните секогаш имаат една личност на ум, а во средината на овој период ќе слушнете нешто за таа личност што ќе ве расположи.
Риби
Деновиве ќе измешате два приватни стила: едниот е разновиден, привлечен, со многу луѓе, а другиот е тивок, повлечен, обичен, секојдневен. Некогаш ќе бидете главна мета на додворувачите, а другиот ден ќе бидете обична личност која ја забележуваат само вашите пријатели. Ќе бидете добро.
Фото: unsplash