ВИКЕНД ХОРОСКОП: За еден хороскопски знак уживање а друг ќе има непријатности
Овен Стабилен и релаксирачки период во кој ќе пронајдете време за уживање. Ве очекува еден спокоен викенд. Обидете се да уживате во бавното темпо и можноста да се занимавате со нешто во кое никој нема да ви се меша.
Бик Викендот ќе ви помине вообичаено, беа големи планови и случувања. Скршнете од својот пат и разговарајте со личности надвор од вашиот друштвен круг. Тие ќе ви откријат гледишта кои досега не ви паднале на ум. С
Близнаци Вашата романтична страна викендов ќе излезе во прв план. Што повеќе се посветите на тоа, толку повеќе ќе бидете среќни и задоволни со себе. Немојте само да заборавите секогаш да имате една нога цврсто на земјата. Бидете искрени и практични и нема да погрешите.
Рак Овој викенд ќе добиете идеја да шетате што повеќе. Ќе треба да донесете некоја важна одлука, но треба да внимавате, затоа што такви одлуки не се донесуваат преку ноќ. Впрочем, брзите одлуки и инстинктивното реагирање не се дел од вашиот карактер, затоа добро размислете.
Лав Релаксирачки и мирен викенд. Меркур и Венера ви испраќаат позитивна енергија. Имате можност да се докажете пред членовите на семејството. Многу ве иритираат коментарите од околината за вашиот љубовен живот.
Девица Викендот за вас ќе биде релаксирачки откако обврските успешно ќе ги завршите. Не дозволувајте семејството да ве оптоварува со банални проблеми. Ќе слушнете озборувања кои ќе ве замислат, проверете ја нивната точност бидејќи тие ќе ви бидат од голема корист.
Вага Викендот ќе ви помине во психички пресметки самите со себе. Во се ќе морате да ја вметнете и љубовта. Веројатно нема да ви биде лесно на почетокот, но да бидете посреќни ќе мораат сите области да функционираат, па дури и оние кои ви се чинат помалку важни.
Скорпија Овој викенд ќе имате главоболка од обврски. Ќе бидете немирни ќе се чувствувате несигурно, а постои опасност да изгубите некои вредности во кои досега сте уживале. Ви се закануваат судири кои нама да бидат безизлезни.
Стрелец Доколку правилно ги оцените нештата ова ќе биде мирен викенд за вас. Ќе имате доста енергија, па ќе бидете многу активни, но ќе треба да внимавате вашите активности правилно да ги насочите. Ќе бидете превртливи и непромислени.
Јарец Несигурен викенд во кој добро треба да размислите за следните чекори. Се` уште се можни непријатни изненадувања кои исто така ќе ви пречат во плановите. Се` што е поврзано со тајни лошо ви е аспектирано па настојувајте во секоја ситуација да бидете отворени и јасни. Ќе морате да бидете потактични и во сентименталните односи.
Водолија Доколку овој викенд присуствувате на некојa забава бидете многу внимателни во односот со друштвото. Најблиските ќе ви бидат наклонети, па сега најдобро е да се обидете да се движите, по заобиколени патишта. На интимен план ситуацијата ве е значително подобра.
Риби Ситни проблеми ќе ви создаваат големи главоболки. Се` почесто ќе бидете уморни што ќе ја зголеми вашата раздразливост. Ситуацијата во друштвото не е онаква каква што посакувате да биде, па ќе морате да се потрудите повеќе за тоа. Бидете мирни викендов и потрудете се наредната недела да ја започнете со поинакви мисли.