Вики Миљковиќ ја покажа својата елка: Новогодишната магија пристигна и во нејзиниот дом
Новогодишна бајка во домот на пејачката...
Домот на Вики Миљковиќ е претворен во преубава новогодишна бајка. Пејачката се потруди на своето семејство оваа година да му приреди повеќе отколку совршен амбиент за уживање и одмор. Бидејќи поради пандемијата на коронавирус работните обврски, како и настапите, се стопирани, Вики со сопругот Ташке и синот Андреј најголем дел од денот го поминуваат дома.
Пред точно една година пејачката се всели во својот преубав стан во најлуксузната населба во Белград, а вселувањето го прослави со пријателите на денот на куќната слава, 19 декември. Оваа година, Вики одлучи на сите следбеници да им покаже дел од новогодишниот амбиент за кој таа е заслужна.
Освен бајковито украсената елка, како и украсите кои светат и Дедо Мраз, големо внимание привлекува и совршениот поглед од недвижнината на Вики. Погледот на најубавиот дел од Белград, кој исто така е украсен со новогодишно осветлување, прави целиот дом на популарната пејачката да шири празнична магија.
Совршено, зарем не?