Викторија Бекам октри дека била психички и физички малтретирана на училиште

Викторија Бекам октри дека била психички и физички малтретирана на училиште

Во новото интервју која го даде за магазинот Гламур од Велика Британија, модната дизајнерка, Викторија Бекам октри една тајна поврзана со нејзините тинејџерски денови. 

Имено таа трпела физичко и психичко насилство на училиште. Таа вели дека ова искуство и помогнало да ја научи нејзината ќерка, Харпер, дека девојките секогаш треба да бидат љубезни.

Исто така поранешната Спајс девојка зборуваше за важноста да им даде позитивен пример на нејзините деца, особено кога станува збор за навиките за јадење.

Таа дури на 45 години се чувствувала конечно сигурна дека ги надминала неколкугодишните борби поврзани со несигурноста на телото. Истата таа несигурност потекнува од малтретирањето кое го трпела за време на училиште денови.

Пре неколку години таа исто така зборуваше дека немала многу пријатели додека растела, откривајќи дека нејзините училишни маки повремени преминувале кон насилство.

„Средното училиште беше пекол. Децата береа растенија од дрвата и ги фрлаат кон мене. Цело време стоев сама настрана. Немав пријатели“ - уште во 2011 година, откри Викторија за списанието ОК!.

„Луѓето ме туркаа наоколу, велеа дека ќе ме тепаат“ - се присетува дизајнерката и верува дека нејзиниот изглед одиграл голема улога во малтретирањето.

„Бев слабо, 8 - годишно девојче со пеги на лицето и празнини меѓу забите, доволно големи за да се залепи грашок. Беше мизерно. Не се вклопував во околината.“

Таа за Гламур изјави дека ги споделила овие тешки искуства со својата осумгодишна ќерка Харпер, за таа биде љубезна кон другите девојчиња.

Можеби ќе ве интересира: