Викторија Лоба го промовира првиот студиски албум
Поп-пејачката Викторија Лоба на 17 декември, во ресторанот „Four“ во 19 часот, го промовира првиот студиски албум „Нов свет“, и тоа во две изданија - македонска и англиска верзија.
Албумот е сниман во
M-Sol Records Studio, Just RB Studio и студио Јованови. Музички продуценти се
Марга Сол и Роберт Билбилов.
Досега од македонскиот албумот се издадени песните „Опиум“, „Херој“, ремикс од „9 работи“, како и интересни соработки со познатите Роберт Билбилов и Тајзи , дуетите „Ти си виновна“ и „Каде сме ние“. Англиската верзија, пак, ќе биде целосно изненадување за македонскиот пазар.
Албумите ќе бидат достапни worldwide преку сите дигитални и стриминг сервиси. На онлајн продавницата на македонската издавачка куќа M-Sol Records (www.m-solrecords.com) албумите ќе можат да се купуваат дигитално и на механичко ЦД, со достава низ Македонија.