Вистината боли: 10 знаци дека ве гледа само како пријателка и ништо повеќе
Девојките најчесто не го разбираат однесувањето на машките и постојано се збунети во врска со нивните постапки.
И кога станува збор за допаѓање, и тогаш работите не се воопшто јасни. Понекогаш, на девојките им се чини дека мажите им се додворуваат или барем така ги толкуваат нивните постапки, а потоа се разочаруваат кога ќе сфатат дека не биле во право и дека погрешно го процениле нивното однесување.
Една од најчестите дилеми и работи за кои жените се најмногу загрижени е прашањето дали тие навистина им се допаѓаат на мажите
За жал, повеќето девојки потполно погрешно ги проценуваат мажите дали се заинтересирани за нив, додека од друга страна, мажите воопшто не се корисни во овој случај.
За да не се прашувате дали му се допаѓате или не, ова се јасни знаци дека тој ве гледа само како пријател.
1. Вие се јавувате први секогаш.
2. Кога иницира нешто, секогаш носи некој друг со себе.
3. Кога ве запознава со други луѓе, ве претставува како негова пријателка.
4. Пред вас раскажува за жени што ги сака.
5. Тој се обидува да ве поврзи со некои од негови пријатели.
6. Кога сте сами, никогаш не се осмелува да направи некаков чекор.
7. Отворено ви дава до знаење дека не сте негов тип.
8. Пред вас зборува за работи за кои никогаш не би можел да зборува пред други девојки.
9. Ви раскажува за бившата по која сè уште пати.
10. Постојано ве прашува кога ќе го пронајдете вашиот дечко.