Вистината за евергринот Бато е оваа: Калиопи ја открива приказната на нејзината ненадминлива песна која спои многу генерации

Вистината за евергринот Бато е оваа: Калиопи ја открива приказната на нејзината ненадминлива песна која спои многу генерации

Објавена во: Stars // Музика

ДОБИВ ПОВЕЌЕ ОД ПЕСНА! ДОБИВ ВЕЧНОСТ!

Безвременската песна „Rođeni“ или како што народот сака да ја вика „Бато“, евергринот кој 34 години подоцна сè уште буди силни емоции кај публиката, е создаден во Русија, од хит мејкерот Ромео Грил. За Женски магазин, Калиопи откри дека со таа песна, се отворило ново поглавје во нејзиниот живот, како приватно, така и во нејзината кариера.

- Бевме  на турнеја низ тогашниот Советски Сојуз во 1987 година и беше многу напорно, тешко, но и искуство кое засекогаш ќе го паметам. Додека ние свиревме во една концертна сала, во друга свиреше Били Џоел…Неверојатно!  Турнејата траеше речиси три месеци. Понекогаш имавме и по два до три концерта во еден ден, огромен беше интересот на публиката… Секојдневни патувања со авиони, воз, автобуси…Но, во совршена организација на „Гост Концерт “од Москва.. После нашиот концерт во Мурманск не можевме да спиеме, бидејќи беа бели ноќи.. Ромео ја зеде гитарата, и по неколку часа во нашиот хотелски апартман ја напиша песнатата„Rođeni“.(Бато). Се сеќавам дека кога ги слушнав првите звуци на таа песна, почувствував неповторлива магија“, се присети Калиопи.

- Безвременска песнa која живее до ден- денес. А кога ја направи имав само 19 години.  Со таа песна, со тој албум „Rođeni”, како што тогаш кажа Ромео, девојчето, (јас) требаше да прерасне во жена“, ни изјави Калиопи. 

„Бато“ денес за многумина стана животна химна, и како што вели таа, луѓето и времето ја направиле бесмртна. Оваа моќна музичка приказна е испеана од многумина, од млади пејачи на талент шоуа, до искусни музичари кои од љубов ја ставиле во својот репертоар. 

- За многумина стана животна химна, бидејќи во неа сме сите, колку и да ни биле различни судбните. 

Тоа е песна која знае да ги спои на едно место и оние со бисери оние со солзи. Ние тука имаме чуден менталитет - да не им го простуваме успехот на другите. Од една страна ги величаме успешните луѓе , а од друга, кога превисоко летаат, се трудиме на секој начин да ги спуштиме долу. Ако за сето ова време размислував кој ми ги кршел крилја, ќе загубев многу други драгоцени моменти. Не е важно кој се обидел ми ги скрши крилјата, важно е дека јас сè уште летам!” , е приказната на Калиопи. 

На социјалните мрежи, таа ги потсети своите следбеници на една од нејзините изведби на „Бато“, порачувајќи дека ова песна е вистинска, легендарна, инспиративна, животна песна, ремек дело на Ромео Грил. 

М.Џаровска

Фото:Приватна архивa


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: