Вистината за филтерот поради кој младите стануваат површни: Поради овие фотографии сите останаа без зборови
Употребата на овој филтер е најдобриот показател за тоа во која мера се менува изгледот на кожата...
Сите ние сакате да ги уредиме фотографиите за социјалните мрежи, да ставиме некој филтер за да ги прикриеме несовршеностите. Но, има и такви кои своите објави сериозно ги подготвуваат, па крајниот резултат скоро па и да нема врска со оригиналот.
Приказната за овој Интаграм филтер не е ништо ново, бидејќи сите веќе неколку години зборуваат за нереалните и вешто уредени фотографии кои ја нарушуваат самодовербата на луѓето. Употребата на овој филтер е најдобриот показател за тоа во која мера се менува изгледот на кожата, ја отстранува пигментацијата и ја менува целосно природната структура на кожата.
Иако неприродните фотографии се класифицираат како „токсична убавина“, целта на филтерот е сè што е „заматено, затегнато и нереално“ да го означи како „грдо“, а не како природен изглед.
Студиите наведуваат дека младите имаат негативни емоции кон сопственото тело и изглед во 50% од случаите поради зголемиот број на уредени фотографии.
Друга студија дава уште позагрижувачки резултати, бидејќи по неа се дојде до заклучок дека 85% од младите девојки потполно го менуваат изгледот на фотографиите на Инстаграм, уште на 13 години, пишува „Метро“.
Константното гледаше на дигиталното „унапредување“ на самиот себе доведува до нездрави и нереални очекувања.
Феј Дикенсон, која го креираше филтерот „Filter Vs. Reality“ во февруари 2021 година, за британското „Метро“ кажа дека сакала да направи нешто што на луѓето ќе им ги покаже драматичните промени помеѓу реалноста и дигиталниот свет.
„Сето ова сериозно влијае на психичкото здравје на луѓето и ги тера на претерано размислување за тоа како изгледаат на фотографиите. Во прашање е нездравата опсесија и потребата за да изгледаме перфектно“ - вели Феј Дикенсон.
„Застрашувачки е тоа што младите растат и не можат да препознаат што е реалност“ - заклучи таа.