Вистината за групата „Хјурикејн“: Сите мислат дека се пред распаѓање, а еве што всушност стои зад сето тоа
Последните неколку дена сè повеќе се шпекулира за распаѓање на групата „Хјурикеј“, која ја сочинуваат атрактивните Ивана Николиќ, Ксенија Кнежевиќ и Сања Вучиќ.
Откако се појавија на музичка сцена, блескаат во полн состав. Од нивната појава никој не останува рамнодушен, па така ни европската публика кога оваа година на претставуваа Србија на Евровизија во Ротердам.
За нивниот изглед, умешноста за пеење и танцување, енергија, харизма, но и приватни животи не престанува да се зборува. Можеби поединци понекога и се обидуваа да „ископаат“ некои проблеми кои настануваат помеѓу атрактивните девојки, но сè било безуспешно, бидејќи девојките секој пат покажеле и докажале колку добро функционираат како тим.
Сепак, последните денови многу се шпекулираше за нивниот однос, а многумина се убедени дека наскоро ќе следува распаѓање на групата. Што претходеше на тоа?
Почетокот на овие шпекулации настана кога Ксенија Кнежевиќ од Инстаграм ги тргна сите фотографии на кои позира со Ивана и Сања.
Тоа се случи пред неколку недели, а иако не сакаше да коментира на оваа тема, медиумите за тоа добија одговор од нејзиниот татко, Ненад Кнежевиќ - Кнез.
„Со нив сè е во најдобар ред, а ги избриша бидејќи имаше некои проблеми со хакери“ - изјави тогаш Кнез за порталот „IDJTV“.
Слична изјава пристигна и од ПР службата на групата „Хјурикејн“.
„Сè е во ред, секако. Ги отстрани од некоја своја приватна причина, а сè што е поврзано за приватниот живот не даваме изјави.“
Кога малку се смири ситуацијата, Ксенија повторно го привлече вниманието на јавноста. Пејачката пред неколку дена ги отстрани сите фотографии, вклучувајќи ја и својата профилна, за повторно да се врати на социјалната мрежа.
Тогаш врати само една стара објава, на која не се Ивана и Сања.
Посебен допринос кон шпекулациите дека нешто не е во ред со групата, даде и пејачот Даниел Павловиќ, учител и пријател на Ивана Николиќ. Имено, тој на Инстаграм најави нова песна, но со фотографија на која е само Ивана, истакнувајќи дека атрактивната русокоса конечно ќе ги покаже своите вокални способности во полн сјај.
Секако, тоа беше доволна причина за многумина да помислат дека Ивана ќе објави соло песна.
За уште повеќе да се загрее оваа приказна, заслужна е и Сања Вучиќ, која неодамна во интервју за „Нова“ исткана дека е свесна за тоа дека „Хјурикејн“ нема да траат вечно, но дека распаѓањето моментално не е опција.
„Па не верувам дека „Хјурикејн“ ќе траат вечно. Мислам дека сè си има рок на траење. Немам претстава што би можело да биде причината за распаѓање. Можеби еветуално доколку некоја од нас одлучи да има семејство, но верувам дека и тогаш би останеле во ист состав“ - кажа таа.
Она што е сигурно е дека нивните обожаватели и верни фанови не сакаат да се распадне групата, а бидејќи тие претставија две нови песни, шпекулациите за нивното распаѓање паѓаат во вода.