Вистината за ќерките на Мадлен Олбрајт: Еве каде живеат и што прават (ФОТО)

Вистината за ќерките на Мадлен Олбрајт: Еве каде живеат и што прават (ФОТО)

Објавена во: Живот // Живот

Вчера почина Мадлен Олбрајт, а нејзините ќерки објавија заедничко соопштение...

Политичарката Мадлен Олбрајт има родено три ќерки.

Близначките Алис и Ен, се родени во јуни 1961 година и сега имаат 60 години. Нивната сестра Кетрин е родена 5 години подоцна и сега има 55 години.

Сите нејзини ќерки се омажени и имаат свои семејства.

Странските медиуми пишуваат дека ќерките на Мадлен Олбрајт имаат „многу динамични професии“. Во една прилика и самата Мадлен кажа: 

„Имам три ќерки, сите се омажени и сите имаат деца и сите имаат многу динамични професии. Бидејќи сето тоа не е баш лесно, цело време разговарам со нив.“

фото: Принтскрин / Инстаграм

Алис дипломирала на колеџот Вилијамс, а магистрирала меѓународни односи на Универзитетот во Колумбија. Се омажила во 1987 година, а нејзината сестра близначка во таа прилика ѝ била деверуша.

Ен дипломирала историја и економија на Универзитетот Дортмунд, за подоцна да дипломира право на универзитетот Џорџтаун. Именувана е за судија на 6-от окружен суд во округот Монтгомери.

Кетрин, попозната како Кејт исто така дипломирала право и работи како адвокат на организацијата која ги застапува децата во Сан Франциско.

Ќерките заедно на Твитер профилот на својата мајка ја објавија нејзината смрт и тоа со овие зборови:

„Со скршено срце можеме да објавиме дека докторката Мадлен Олбрајт, 64-от државен секретар на САД и првата жена на таа фунцкија, почина денес.

Причината беше рак. Беше опкружена со семејството и пријателите. Ја изгубивме саканата мајка, баба, сестра, тетка и пријателка“.

Се зборува дека ќерките на Мадлен Олбрајт многу ја ценеле работата на нивната мајка и дека таа секогаш им била пример. Желба им е да чекорат по нејзините стапки.

фото: Принтскрин / Јутјуб

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: