Вистинска златокоса: Има 2 метри долга коса, не е шишана 30 години
Алена Кравченко од Украина изјави дека ја мие косата само
еднаш неделно во процес што трае 30 минути. Никогаш не чешла влажна коса за да
спречи кршење на косата, дури не користи фен за коса, тукупретпочита да ја
суши природно.
Покрај едноставната рутина за нега на коса, Алена користи маски за коса и масажи на главата за да изгледа здраво и убаво.
Не ја шишала својата природна долга руса коса уште од својата петгодишна возраст откако нејзината мајка и рекла дека жените треба да имаат долга коса. Овие зборови се врежани во нејзината меморија и оттогаш ја пуштила косата, која неодамна достигна должина од дури два метри. Понекогаш дури и се влече по неа затоа што Алена е висока само 168 сантиметри.
Таа често објавува фотографии од својата долга руса коса на својот Инстаграм, а има над 57.000 следбеници.
Алена вели дека нејзината руса коса долга два метри значи дека секогаш е во центарот на вниманието затоа што мажите ја сакаат поради нејзината зачудувачка должина и природна руса боја.
Фото: Инстгарам