Вистински романтичар: Водителот Стефан Лазаров организираше кино вечер за двајца
Младиот и атрактивен водител Стефан Лазаров во едно неодамнешно интервју за Хаштаг откри дека за 10 години се гледа како татко на две дечиња, а дека не е далеку од остварување на овој сон откри и во едно од неговите последни „сториња“ на Инстаграм.
Имено, иако во интервјуто не ни кажа ништо за својот љубовен живот од она што го забележавме на социјалните мрежи тој подолг период е во љубовна врска. Стефан на Инстаграм ја откри девојката која го освои, а само за неа организираше романтична кино вечер. Пица, пуканки, романтично осветлување и сето тоа само за девојката која го има освоено неговото срце.
По фотографијата претпоставуваме дека изборот паднал на некоја романтична комедија, што мислите вие?
Може да ве интересира:За 10 години посакувам да бидам татко на две дечиња: Интервју со Стефан Лазаров