Вистинските имиња на 15 познати личности ќе ве изненадат: Еве како се викаат овие ѕвезди
Новата кариера за нив значела и промена на идентитетот...
И додека поголемиот дел од нас не го менуваат името, без разлика што се незадоволни од изборот на родителите или кумовите, со познатите личности тоа не е така.
За подобро да се пробијат во светот на шоу-бизнисот, одлучиле да ги променат старите имиња, кои не биле лесно за паметење и кои не биле звучни.
# Оливија Вајлд
Под вистинско име Оливија Џејн Кокбурн, оваа актерка одлучила да го промени своето име уште на почетокот на кариерата. Причина? Таа толку многу го обожавала писателот Оскар Вајлд што решила своето презиме да го замени со неговото.
# Том Круз
Томас Круз Мапотер IV... Звучи предолго и премногу комплицирано. Затоа, Том го послушал советот на својот агент на почетокот на кариерата и почнал да го користи своето средно име како презиме.
# Хелен Мирен
Познатата британска актерка е родена како Иљена Василиевна Мирноф. Англосаксонскиот свет би си го скршил јазикот изговарајќи го ова руско име, па така актерката Иљена го променила името во Хелен, а Мирноф го скратила во Мирен.
# Кети Пери
Кети е родена како Кејти Хадсон, но бидејќи во шоу-бизнисот веќе постоела една Кејт Хадсон, пејачката не сакала да биде мешана со неа и го земала презимето Пери.
# Џиџи Хадид
Името на познатата манекенка е всушност Јелена Нура Хадид. Прекарот „Џиџи“ ѝ го дала нејзината мајка уште кога била мало дете, а така ѝ се обраќале и на училиште.
# Натали Портман
Нета-Ли Хершлаг, позната како Натали Портман, е родена во Ерусалим и се преселила во САД кога имала само 3 години. За нејзината актерска кариера го земла моминското презиме на нејзината баба по мајка.
# Ники Минаж
Кога во 2009 година потпишала договор со издавачката куќа „Young Money“, еден од условите бил промената на името. Останатото е историја. Никоја навистина не знае која е Оника Тања Марај, но сите знаат која е Ники Минаж. Иако на Оника на почетокот не ѝ се допаднало уметничкото име, таа подоцна го прифатила, но за нејзините блиски пријатели и семејството, таа и понатаму е само „Оника“.
# Тајга
Партнерот на познатата Кендал Џенер е роден како Мајкл Реј Нгујен-Стивенсон, а уметничкото име Тајга го избрал, бидејќи е акроним од „Thank You God Always“.
# Ралф Лорен
Легендарниот американски дизајнер е роден како Ралф Лифшиц. Кога бил дете, многумина го исмејувале неговото презиме и наместо „Лифшиц“ го нарекувале „Лифтшит“. Траумите од детството биле толку длабоки што Ралф го променил презимето.
# Лана дел Реј
Оваа ѕвезда од Њујорк сакала име со кое нејзината музика ќе се истакне повеќе. Елизабет Вулриџ Грант изјави дека за британскиот Вог дека Лана дел Реј звучи прекрасно и дека го „евоцира звукот на морето“.
# Лејди Гага
Родена е како Стефани Џоан Анџелина Германота. Постојат неколку верзии за тоа како настанало нејзиното уметничко име, но наводно нејзиниот менаџер ѝ го дал тоа име, бидејќи било многу попрактично, поедноставно и позвучно.
# Камила Кабелјо
Нејзиното вистинско име е Карла Камила Кабелјо Естрабао. Името Карла никогаш не ѝ се допаѓало, па на 15 години решила да се ослободи од Карла и да остане само Камила.
# Блејк Лајвли
Таа е родена како Блејк Елендер Браун, но кога станала актерка решила да го земе презимето на нејзината мајка.
# Мајли Сајрус
Нејзиното име е Дестини Хоуп Сајрус, но како мало девојче сите ја нарекувале Смајли-Мајли, бидејќи слатко се смеела. Во 2008 година, поради ова, таа официјално го заменила своето име Дестини со прекарот.
# Лили Џејмс
Родена е како Лили Клои Нинет Томпсон, а своето уметничко име го променила на почетокот на кариерата, откако сфатила дека има друга актерка по име Лили Томпсон. Таа го земала уметничкото име Лили Џејмс, по нејзиниот татко Џејмс, кој починал од рак во 2008 година.
фото: Принтскрин / Инстаграм