Вистинско пријателство: Како поддршка на нејзината пријателка ја избричи главата
Чинот на бричење се случил на 12 јануари, а потоа го објавила и на ТикТок.
Во ноември 2019 на Кари Фарнам од Австралија и е дијагностициран Не - Хочкин лимфон. Овој агресивен тумор и предизвикал многу проблеми.
„Денес сум на шестиот и последен циклус хемотерапија“ - вели Кари, на која во декември започнала да и паѓа косата.
Сето ова дополнително го дознала нејзината најдобра пријателка, Никита Грејс Стиворт. Никита за дијагнозата на пријателката дознала за време на патувањето со мајка и и веднаш одлучила дека во знак на поддршка ќе ја избричи главата, јавува BuzzFeed.
Кога Никита пристигнала дома, го направила тоа. Исто така, започнала и петиција за собирање на средства за лекувањето на Кара на австралиската страница Cancer Council. Чинот на бричење на главата бил на 12 јануари, а потоа го објавила и на ТикТок. Видеото досега е погледнато повеќе од 12 милиони пати.
@karafarnham love u @_nikita_stewart_ ##foryou ##fyp ##xyzbca ##foryoupagе
death bed - Powfu feat. beabadoobee
„Одлуката да ја избричам главата беше лесна. Знам дека на Кари не и е важно што мислат луѓето за неа, но некаде длабоко во себе знам дека не го поминува сето ова лесно и сигурно не и било лесно кога започнала да и паѓа косата“ - рече Никита. во својата компанија успеала да собере повеќе од 8.000 долари, а со овој прекрасен чин докажала дека вистинските пријателства навистина постојат.
„Кога Никита ја избричи главата, бев горда на неа. Генијално е чувството да одиш по улица со најдобрата пријателка која има иста „фризура“ како и јас. Многумина гледаа во нас, но на Никита не и беше гајле што мислат луѓето за неа, па дел од својата самодоверба ја пренесе и на мене“ - вели Кари.
Прекрасна приказна, зарем не?