Витаминка обезбеди пристап до едукативна платформа за помош при онлајн учење за децата на своите вработени

Витаминка обезбеди пристап до едукативна платформа за помош при онлајн учење за децата на своите вработени

Објавена во: После „Школо“ // PR

Со цел олеснување на образовниот процес Витаминка за своите вработени кои што имаат деца вклучени во онлајн наставата, обезбеди премиум пакети (претплати) за пристап до JetMinds.org – првата и најнапредна едукативна платформа во државата. Со пристапот до оваа платформа учениците на вработените што следат настава на далечина, ќе добиваат дополнително образование и можност за унапредување на стекнатите знаење како замена за приватен час со тутор.

Од почетокот на кризата со корона вирусот фокусот на менаџментот на Витаминка е насочен кон заштита на вработените и на нивните семејства. Покрај останатите активности и преземени чекори, посебно во овој период, согледувањето со какви предизвици се соочуваат родителите и децата при спроведување и одржување на континуиран образовен процес, беше причина за обезбедување на JetMinds платформата како помош и дополнување на образованието.

JetMinds.org нуди високо квалитетно дополнително образование за ученици во основно и средно. Материјата е подготвена од селектирани професори од универзитети, како и од најдобрите училишта во Македонија и истата ја следи и дополнува официјалната програма. Со користење на функционалната платформа учениците имаат неограничен пристап до лекции, можност за решавање задачи, учење и увид во аналитика – колку знае и колку учат децата. Во таа насока е корисна алатка за учениците и за родителите, особено во семејства каде родителите се вработени.

Грижата за вработените и за нивните семејства Витаминка ја искажува континуирано, посебно во текот на здравствената криза, овозможувајќи начини и реорганизација на работниот процес со цел дополнителна заштита и обезбедување безбедни услови за работа.


* Комерцијален текст


Објавена во: После „Школо“ // PR

Можеби ќе ве интересира: