„VIVA LA CUCINA“ – КВАЛИТЕТНИ МАКЕДОНСКИ ДОМАТИ НА ВАШАТА ТРПЕЗА

„VIVA LA CUCINA“ – КВАЛИТЕТНИ МАКЕДОНСКИ ДОМАТИ НА ВАШАТА ТРПЕЗА

Објавена во: Совети // Семејство

Сè поголем предизвик за многу домаќинства е подготовката на зимници, заради динамичното секојдневие и брзиот начин на живот. Сепак, љубовта кон традиционалните, домашни вкусови останува непроменета. Токму таа љубов го инспирираше создавањето на „Viva la Cucina“ – практична замена за традиционалните зимници, со која секојдневното готвење станува поедноставно и повкусно.

„Viva la Cucina“ го носи вкусот на домашните зимници директно на вашата трпеза, без потреба од долг и сложен процес на подготовка. Сите производи од оваа линија се направени од свежи македонски домати, со што го задржуваат автентичниот вкус и квалитет и се природен извор на витамини и минерали.

Вива ги користи своите производствени капацитети за подготовка на сосови и кечапи, преработувајќи свежи домати откупени од локалните земјоделци. На овој начин, компанијата не само што го поддржува развојот на локалната заедница, туку и се грижи за внимателна селекција и обработка на доматите, осигурувајќи дека нивниот квалитет останува непроменет.

Целиот процес – од приемот на доматите до финалниот производ – бара голема посветеност и прецизност, што отсекогаш биле основни принципи на Вива. Со напредна технолошка постапка и строго следење на секој чекор во производството, Вива успешно создава производи кои ги исполнуваат високите стандарди за квалитет, задоволувајќи ги очекувањата на македонските потрошувачи и носејќи дел од македонското поднебје на секоја трпеза.

Без конзерванси, глутен и засладувачи, доматните сосови со три различни вкусови, не само што се здрави и природни, туку и совршено се вклопуваат во современиот начин на живот. Спакувани во практична, флексибилна амбалажа со капаче, овие сосови се идеални за домашно приготвени и вкусни оброци, но и за секоја посебна прилика кога сакате да уживате во оригиналниот вкус на македонските домати. Лесни за употреба и секогаш на дофат, овие сосови претставуваат кулинарско задоволство за целото семејство. Покрај за готвење, овие сосови се идеален избор за ужина доколку се консумираат како доматен сок.

За најмладите, кечапите се вистинско уживање – создадени да ја дополнат омилената пица, сендвичите и сите останати јадења што ги обожуваат, внесувајќи топлина и насмевка во секој залак и создавајќи радост на трпезата.

Веќе 30 години, Вива посветено создава производи од свежо овошје и зеленчук, кои обезбедуваат врвен и конзистентен квалитет во текот на целата година. Инспирирани од природата и користејќи ги сопствените капацитети за преработка на зеленчук, Вива ја создаде најновата линија на производи „Viva la Cucina“, нудејќи им на модерните домаќинства здраво и практично решение за секојдневните оброци.


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: