Влијае ли студот на работата на твојот мобилен: Проблеми предизвикани од ниските температури
Мобилните не се обожаватели на студеното време и ниските температури...
И навистина ги разбираме. Температурите прилично се спуштија во однос на претходните денови, а како што на тебе не ти се допаѓа тоа, така не му се допаѓа сево ова и на твојот мобилен телефон.
Без разлика дали имате iPhone или Android мобилен телефон, студот може да влијае на него и на тоа како работи. Особено ако поминувате повеќе време надвор или го користите додека сте надвор на ниски температури. Еден куп луѓе во зима се жалат дека нешто не е во ред со нивниот мобилен телефон, но тоа не е затоа што нешто одеднаш не е во ред со него, туку затоа што мобилниот телефон не може да се справи со екстремниот студ. Вашата батерија може одеднаш да започне да се празни побрзо или системот на вашиот мобилен телефон може да почне да пука.
Ова не значи дека вашиот мобилен телефон умира и дека ви треба нов, но тоа е проблем што го имаат еден куп луѓе. За што всушност станува збор? Мобилните телефони имаат литиум-јонски батерии, тоа го имаат повеќето паметни телефони. Ги користат за работа, што веројатно ви е јасно. Таквите батерии создаваат хемиски реакции кои произведуваат енергија, и за тоа им треба топлина, па кога е многу студено надвор, батеријата се лади и работи побавно или престанува да работи целосно. Сево ова предизвикува вашиот мобилен телефон одеднаш да се исклучи или батеријата да започне да се троши со молскавична брзина.
Електролитната течност, која е содржана во батеријата на мобилниот телефон, кристализира на студ и струјата не може да помине низ неа. Што значи и дека вашиот мобилен телефон нема да работи како кога е потопло надвор. Затоа, не грижете се, иако вашиот мобилен телефон започне да се однесува чудно овие денови. Со него сè е во ред, тој е само ладен.
фото: shutterstock