Внимавај на овие 3 работи: Никако не ги прави по јадење
Зошто се штетни?
Веројатно се сеќавате на советите на родителите кога бевте дете: „Не пливај во вода барем 30 минути по јаде“. Епа, има многу вистина во овој совет. Некои работи е подобро да не се прават веднаш по оброкот, особено доколку сте прејадени. Ова се трите работи на кои е препорачано да внимавате:
# Не ги четкајте забите
Можеби звучи чудно, но факт е. Четкањето на заби веднаш по јадење им штети. Можеби мислите дека четкањето на заби по јадење е корисно и ги заштитува забите од кариес, но всушност може да направи повеќе проблеми. Сето тоа е поради зголемената количина на дигестивни киселини во устата што се излачуваат за време на џваќањето. Потребни се 30 минути за да се намалат овие киселини. Нивното влијае е силно и може да ја ослабне глеѓта на забите, што потоа ги прави подложни на оштетување.
# Не си легнувајте
Спиењето по јадење е лошо за вашето здравје. Повторно, треба да почекате некое време храната да се обработи до одреден степен пред да заспиете. Ова ќе избегне појава на киселини кои можат да ви го нарушат сонот. Покрај тоа, според Клиниката Мајо, не е случајно што варењето се случува исправено, а не хоризонтално. Природата одлучила да ги извршува овие процеси додека сме будни и исправени или седнати. Кога одиме во кревет, преработката на апсорбираната храна станува потешка, што може да доведе до голем број проблеми во иднина, доколку оваа практика стане редовна.
# Не вежбајте
Многу луѓе мислат дека со правење вежби, трчање или одење на пливање, апсорбираната храна ќе им се спушти побрзо, ќе согоруваат калории и нема да бидат прејадени. Не се препорачува поинтензивна физичка активност по јадењето, затоа што така се нарушува дигестивната функција. Истата може да доведе до проблеми со апсорпцијата на храна, вкочанетост на екстремитетите, зголемување на отчукување на срцето и крвта. Прекумерното вежбање може да преизвика нарушување на мускулите, желудникот и срцето.