Внимавајте на секој детаљ: Новогодишни обичаи за среќа во наредната година!

Внимавајте на секој детаљ: Новогодишни обичаи за среќа во наредната година!

Објавена во: Совети // Семејство

Се приближува најлудата ноќ. Покрај тоа што добро ќе се забавувате со вашите најблиски, прославувањето на новогодишната ноќ носи и некои традиционални обичаи кои носат среќа во наредната година. Подолу споделуваме некои од нив во надеж дека вашата следна, 2021 година, ќе биде уште поуспешна и посреќна!

Новогодишни обичаи

# Одбројувањето до полноќ е обичај што го следат сите нации ширум светот. Во последните 10 секунди од оваа година, запомнете сè за што сте благодарни и за што бевте среќни оваа година.

# Една од главните традиции на новогодишната ноќ е да носите нешто црвено. Според обичаите во многу земји, црвената боја носи среќа и љубов. Затоа, изберете некој црвен детаљ како лак, кармин или чорапи и повикајте ја среќата во наредната година.

# Бакнувањето на полноќ е обичај во многу земји и ја симболизира среќата во љубовта. Затоа, соберете ги најблиските и бакнете ги на полноќ.

# Огнометот е всушност помодерна форма на обичај што ја имаат луѓето ширум светот. Имено, на денот на Нова година, луѓето правеле врева со цел да ги истераат злите духови и лошата енергија од претходната година. Покрај огнометот, неопходни се и прскалките, кои придонесуваат за новогодишната еуфорија.

# Убави желби и честитки што порано ги испраќавме по пошта, а денес по СМС пораки и е-пошта, е традиција што е прифатена во целиот свет. Сетете се на сите пријатели и роднини и посакајте им успешна и среќна 2019 година.


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: