Внуците на Џон и Џеки Кенеди одат по стапките на нивните предци: Образовани се и успешни, а еве колку личат на дедо и баба

Внуците на Џон и Џеки Кенеди одат по стапките на нивните предци: Образовани се и успешни, а еве колку личат на дедо и баба

Објавена во: Совети // Семејство

За животот на потомците на некогашната претседателска двојка се знае многу малку...

За животот на омилениот американски претседател Џон Ф. Кенеди и неговата сопруга Џеки, се знае скоро сè, но за нивните потомци скоро па ништо.

За проклетството на семејството Кенеди се пишуваа бројни теории, а животот на овој претседател кој беше убиен во Далас во 1963 година и неговата сопруга Џеки и понатаму ја интригира јавноста.

Џон и Џеки имаа две деца - синот Џон Јуниор и ќерката Керолајн. Откако Џон Јуниор заедно со сопругата Каролин Бесет - Кенеди почина во стравична авионска несреќа во 1999 година, единствена наследничка на кланот Кенеди која остана беше Керолајн.


Керолајн (63) донекаде тргнала по стапките на татко ѝ, а освен што е адвокатка и писателка, четири години била и американска амбасадорка во Јапонија.

Таа во бракот со дизајнерот Едвин Шлозберг доби три деца - синот Џон (28) и ќерките Роуз (33) и Татијана (31). Токму тие се единствените внуци на саканиот американски претседател. Меѓутоа, за нивните животи се знае многу малку.

# Џон 

Најмладиот помеѓу нив, Џон Шлозберг одамна одлучил да тргне по стапките на дедо му, па со политиката се занимавал уште од мали нозе. Откако во 2015 година дипломирал Историја на Јејл, со фокус на јапонската историја, одлучил да ѝ се придружи на мајка му во Јапонија.

Се вработил како асистент во една компанија, а напоредно се „фрлил“ на учење на јапонскиот јазик. За него велат дека неодливо потсетува на својот покоен вујко - Џон Јуниор.

Своите видувања ги изнесува во разни статии, од кои една е објавена и во магазинот „Тајм“, а се однесувала на сириската бегалска криза.

Да е жив мојот дедо, ќе беше возбуден да види колку сме далеку стигнавме како нација во однос на 1963 година и она што е сигурно - не би бил републиканец“ - напиша Џон.

За него велат дека го поседува и познатиот шарм на Кенеди и му прогнозираат светла иднина во политиката.

Потоа во 2017 година запишал право на Харвард. Се испробал и во глумата, а во 2017 година се најде и на листата најдобро облечени личности.

Во 2013 година, тогашниот претседател Барак Обама организираше свечена вечера и доделување на награди по повод 50-годишнината од смртта на претседателот Џон Кенеди. Како претставник на семејството Кенеди, Џон ги доделуваше наградени.


# Татијана

Татијана е новинарка во магазинот „Њујорк Тајмс“, а од сите таа најмалку се експонира јавно.

Откако диплопирала на Јејл, како и нејзиниот помлад брат, прво пишувала за магазинот „Јејл Хералд“, за во летото 2014 година да добие приправничко место во престижниот магазин „Њујорк Тајмс“, во кој работи и денес, а најчесто пишува за климатските промени.

# Роуз

Настарата, Роуз неодливо потсетува на својата баба Џеки Кенеди, поради што одамна ја нарекоа единствена достојна наследничка на баба ѝ.

Сличноста помеѓу нив две е толку неверојатна, што дури и „Њујорк Пост“ во една статија ја нарече Џеки 2. Дипломирала на Харвард и денес се занимава со глума.

Интересно е дека името ѝ го дала токму баба ѝ Џеки и тоа по нејзината свекрва, односно мајката на Џон Ф. Кенеди, Роуз Кенеди.

Она што е необично е фактот што првата дама не ја криела нетрпеливоста кон свекрвата, а наводно еднаш изјавила: „Стариот лилјак има речиси сто години, да ѝ оддадеме малку почит на овој начин“ - алудирајќи на тоа зошто на нејзината правнука ѝ го дала ова име.

Џеки и малата Роуз биле неверојатно поврзани една за друга, а првата дама внуката често ја носела на изложби и разни настани или едноставно во парк. Така било сè до 1994 година, односно до нејзината смрт. Роуз тогаш имала пет години.

Уште една трагедија го одбележала животот на малата Роуз, а ота е смртта на вујко ѝ Џон Јуниор, за кој исто така била многу приврзана.

По неговата смрт западнала во депреси и шест месеци не разговарала скоро со никој, а одбивала и да јаде.

И бабата и внукот својот имот ѝ го оставиле на неа, тaка што така уште како 14-годишна девојка поседувала милиони долари.

Што се однесува до политиката Роуз е на страната на Демократите, како што бил и нејзиниот дедо, па во 2008 година донирала пари за претседателската кампања на Барак Обама.


фото: PROFIMEDIA

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: