Внука и 88-годишен дедо дипломирале во ист ден: Го остварил животниот сон за добивање дипломи

Внука и 88-годишен дедо дипломирале во ист ден: Го остварил животниот сон за добивање дипломи

Објавена во: Живот // Живот

Девојка (23) од Тексас и нејзиниот 88-годишен дедо 2022 година ќе ја започнат како дипломирани студенти.

Мелани Салазар од Сан Антонио на 11 декември ја доби својата диплома за комуникациски уметности од Универзитетот во Тексас.

Таа дипломирала истиот ден како и нејзиниот дедо, Рене Неира, кој добил степен на признание по економија.

„Кога бевме на бината, почувствував дека ме преплавија емоциите. Беше тишина. Не слушнав ниту аплауз, но ми кажаа дека целиот стадион избувнал“ - кажа Мелани.

Дедото и внуката заедно го започнале своето образование на колеџот во Сан Антонио, колеџот Пало Алто, во 2016 година.

Мелани тогаш завршила средно училиште, а нејзиниот дедо, кој тогаш имал 82 години, решил да оди на часови за да си го оствари својот сон и да добие диплома.

„Од 1950 година работел на тоа и добивањето на диплома е една од неговите животни цели и соништа. Меѓутоа, тогаш се заљубил, оженил и основал семејство, поради што не можел да продолжи со школувањето“ - кажала неговата внука.

Тие во 2017 година заедно тргнале на факултет. Иако немале заеднички часови, учеле заедно.

„Ручавме, одевме заедно во библиотека и работевме во тишина еден покрај друг. Често го возев до факултет“ - кажа таа.

Пред почетокот на пандемијата на коронавирус, Неира доживеал мал срцев удар и морал да отсуствува од наставата. Кога часовите продолжиле онлајн, исто така не можел да присуствува поради здравјето.

Како се приближувал денот на дипломирање, Мелани и нејзиното семејство го замолиле Универзитетот да го наградат Неира со еден стен на признание, што и се случило.

„Му кажав дека ова е наш момент. Горда сум на дедо и благодарна сум можев да го имам овој момент, ова чувство со него пред да почине“ - кажа таа.

фото: Инстаграм

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: