Внуката на Елена Ристеска реди успеси: Со својата група освои прво место во латино танци (ФОТО)

Внуката на Елена Ристеска реди успеси: Со својата група освои прво место во латино танци (ФОТО)

Гордата тетка се пофали на социјалните мрежи...

Дека тетката е како втора мајка на своите внуци, потврдува и пејачката Елена Ристеска. Имено, уште од раѓањето на нејзината внука Делфина, таа постојано јавно покажува колку ја сака и колку сака да го поминува времето со неа. 

Во морето фотографии и видеа од нивните заеднички активности, има и објави, како оваа сега, преку која тета Елена не крие колку е горда на својата внука. Овој пат, станува збор за успесите на Делфина, која заедно со нејзината група освоила прво место во латино танци.

„Внуката на тетка, Делфина, освои прво место во латино танци со својата група на „Christmas dance competition“. Завчера таа кај тета на концерт, вчера тета кај нејзе на натпревар. Секогаш ќе ја имаш поддршката од нас, само ти танцувај безгрижно“ - ѝ порача Елена на својата миленичка, споделувајќи фотки на кои позира Делфина со нејзината мајка, тетка и баба.


Познатата пејачка, сподели и видео од настапот на нејзината внука, а како изгледаше сето тоа и колку е вешта Делфина, кога е танцувањето во прашање, проценете сами  од видеото во продолжение:


фото: Принтскрин / Инстаграм

Можеби ќе ве интересира: