Во 2014 година Новак Ѓоковиќ ја повика да пее на неговата конференција: Денес таа го повика на својот концерт
Поминаа седум години откако најдобриот тенисер во светот покани анонимно девојче да запее на конференцијата одржана за време на УС Опен. Сега, седум години подоцна, девојчето повеќе не е анонимно, и одлучи да му ја врати услугата на Ѓоковиќ со тоа што го покани да ѝ помогне околу подготовките за настапот.
Безброј пати, Новак Ѓоковиќ ја покажа својата човечка страна и изненади голем број деца кои се најдоа во негово присуство, претставувајќи ги повеќето од нив како свои пријатели, што ги направи децата уште посреќни.
Едно од тие деца е Зија Викторија, сега популарна пејачка во Соединетите држави.
Еднаш во текот на 2014 година, Новак Ѓоковиќ одлучи да одржи необична конференција, поканувајќи ја оваа девојка да испее нешто.
Седум години подоцна, нивните патишта повторно се споија, само улогите се сменија. Сега Зија го повика Новак да ѝ помогне.
Do you remember when @DjokerNole invited this young girl, Zia, to sing at his press conference in 2014?
— Julie (@NDjokofan) August 26, 2021
Well, Zia has grown up and was a support act at Summerstage, which Novak attended
Here’s a pre-show video! #djokovic @NovakFanClub
: https://t.co/zR9Y1R7rjX https://t.co/dzqLuQlx5Q pic.twitter.com/tvoaZXnvpA