Во авиoнска несреќа загина романскиот милијардер, сопругата и синот: Авионот се сруши во зграда
Голема трагедија се случи во неделата, во 13:04 часот по романско време, кога авионот со осум лица во него полета од аеродромот Линате, но веднаш по полетувањето пилотот имаше потешкотии да го контролира авионот. Во 13:07:56 часот беше снимен последниот сигнал на авионот. Постојат сведоци кои велат дека авионот веќе бил зафатен од пламен пред да се урне.
Имено, Романскиот милијардер Дан Петреску загина заедно со уште седуммина патници во неговиот приватен авион што синоќа се урна во Милано и погоди зграда што се реновирала.
Во авионската несреќа загинаа и неговата сопруга и нивниот син. Новинарите пишуваат дека податоците за брзината и висината покажуваат дека нешто неочекувано се случило на 16 секунди пред падот.
Авионската несреќа во Милано се случи во 2 часот.
„Беше 1.05 часот кога го слушнав звукот на авион над мене како неговиот мотор да се гуши. Бев во куќата, слушнав заглушувачка бучава, многу брзо ја слушнав експлозијата, а потоа и димот што се издигна. Катастрофа. Потоа слушнав многу силна експлозија, прозорците на куќата затреперија, па го отворив прозорецот и видов голем облак чад како се крева на небото. Тоа е она што го видов“ опиша сведок за Диги24.
Леталото се урнало во зграда во фаза на реновирање во Милано, во близина на метро станица. Сите осум лица во авионот загинаа, вклучително и едно дете. Министерството за надворешни работи потврдува дека меѓу жртвите, тројца се романски државјани. Станува збор за милијардерот Ден Петреску, неговата сопруга и синот.
Дан Петреску заработи најголем дел од своето богатство преку менаџирање со недвижности. До сега поседуваше богатство од околу 3 милијарди евра. Дан Петреску, кој се смета за „милијардер во сенка“. Беше многу дискретен: возеше стари автомобили и не се облекуваше претенциозно.