Во Бугарија победа без пораз, во Европа 12 - ти: Кошаркарите до 16 години покажаа како се игра баскет во Македонија

Во Бугарија победа без пораз, во Европа 12 - ти: Кошаркарите до 16 години покажаа како се игра баскет во Македонија

Објавена во: Спорт // Кошарка

Покрај сите проблеми пред заминувањето, Кошаркарската репрезентација на Македонија со децата до 16 години замина во Италија на Европското првенство. Ова е историски успех за овие млади и талентирани момчиња, кои беа препуштини во сигурните раце на селекторот Дервишевиќ и неговиот помошник 23 - годишниот Влатко Неделковски.

„По 4 години успешна работа со деца до 16 години, добив повик од репрезентацијата на Македонија со деца до 16 години, да бидам прв асистент на селекторот на европското првенство. Покрај сите негодувања, скептицизам од сите страни, стручни и нестручни, како можело да се даде таква одговорност на мене со само 23 години, потоа преписки насочени кон селекторот за изборот на тимот, за на крајот да следат предвидувања дека ќе испаднеме во понизок ранг Б - дивизија, ние заминавме и ја изненадивме цела Европа.“ - раскажа Неделковски.

На првиот натпревар со освојувачите на златото, Шпанците, нашите кошаркарски надежи изгубија со 3 поени разлика, а потоа и поразот од Израел не ги потикна младите македонци да се откажат. Па така започнаа со победи над Латвија, Босна... го задржаа местото во елитата и борба од 10 - то до 12 - то место во Европа.

„Досега никој не успеал да остане во врвот на Европа, дури ни кога сме влегле во А - дивизија во 2003 година, експресно сме паднале во понизок ранг. Направивме нешто што досега никој не го направил, а и јас лично сум уште повеќе горд, бидејќи бев и најмладиот тренер на првенството“ - истакнува Влатко.

Од 15 јуни до 19 август кошаркарите, како и останатиот дел од тимот на чело со селекторот и неговиот помошник дадоа се од себе, а тој труд дефитивно вредеше, па следната години повторно ќе се подготвуваат за ова елитно натпреварување, секако за повисок резултат.

„Цела Европа ни честиташе, на никој не му се веруваше дека може да направиме проблеми и на најмоќните“ - заврши младиот тренер.

Освен овој успех, овие момци имале и интернационален пријателски турнир во Бугарија, каде што играле против Бугарија, Романија, Украина и уште еден тим од Ирска. Тие без пораз го освоија првото место и во својата историја забележаа уште еден успех.


И.М.

Објавена во: Спорт // Кошарка

Можеби ќе ве интересира: