Во дневникот на својот син прочитала морничава порака: Веднаш го пријавила во полиција и смета дека донела вистинска одлука

Во дневникот на својот син прочитала морничава порака: Веднаш го пријавила во полиција и смета дека донела вистинска одлука

Објавена во: Живот // Живот

За многу луѓе е незамислива идејата да го пријават сопственото дете во полиција...

Сепак, една мајка имала и повеќе од голема причина да повика полиција.

Никол Шуберт го чистела својот дом во 2019 година, кога го пронашла дневникот на својот 17-годишен син, во кој тој напишал дека планирал да ја убие, а потоа да го нападне своето средно училиште во Вашингтон.

„Тоа едноставно ми го скрши срцето. Не сакам да ги знам деталите“ - откри таа за американските медиуми.

Тогаш донела тешка одлука: го пријавила синот во полиција. Тоа го направила, бидејќи имало многу ученици кои ги познавала и не сакала да бидат повредени.

„Тој е мое дете, јас го родив. Многу боли. Сѐ уште боли“ - кажа таа, а потоа додаде: „Во тој момент не стануваше збор само за него и мене. Стануваше збор за цело училиште - стотина луѓе, стотина деца“.

Оваа мајка мисли дека ја направила вистинската работа за својот син. 

„Верувам дека спасив животи. Ако постои шанса да се спаси макар една личност, едно дете, мислам дека е вредно“ - кажа Никол.

Нејзиниот син е уапсен и ја признал вината за кривичното дело - заканување со бомба. Поминал ментална евалуација и завршил во програмот за рехабилитација и општествено корисна работа. Со зголемувањето на масовните пукања, Никол се надева дека и другите родители ќе го сторат истото. Таа до родителите упати уште неколку мудри зборови:

„Очигледно не можеме секогаш да ги контролираме постапките на нашите деца. Кој може? Но, постојат знаци дека нешто не е во ред - зошто се однесуваат чудно? Зошто? Зошто се однесуваат така кон себе?“

фото: Принтскрин / Јутјуб

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: