Во една реченица објасни сè: Шон Пен посочи колкава одговорност сносиме за здравјето на другите ако не сме вакцинирани
Шон Пен рече дека вакцините против коронавирус треба да бидат задолжителни, споредувајќи ја невакцинацијата со „вперување пиштол во нечие лице“.
Познатиот актер во саботата за Си-Ен-Ен потврди дека го напуштил сетот за време на снимањето на филмот „Gaslit“ токму затоа што не било задолжително сите актери и членови на тимот да бидат вакцинирани.
„Актерите се заштитени, но ако сценографот работи заедно со друг кој не е заштитен, може да се заболат. Не сакав да бидам соучесник во нешто што значи само грижа за една група, а не за секого“ - рече Пен и додаде дека верува дека секој треба да се вакцинира.
Actor and activist Sean Penn says he believes Covid-19 vaccinations should be mandatory.
— CNN (@CNN) August 21, 2021
“You can't go around pointing a gun in somebody's face, which is what it is when people are unvaccinated,” he tells @smerconish. https://t.co/oKYltfCANn pic.twitter.com/4tfNWdobnh
„Тоа треба да биде задолжително, како кога ги вклучувате фаровите на автомобилот ноќе, но очигледно тоа нема да се случи утре, но сепак во деловниот свет, на тоа се посветува поголемо внимание“ - истакна актерот.
Тој посочи дека ќе се врати во „Gaslit“ кога ќе биде сигурен дека „сто проценти од тимот е вакциниран“.
„Не можете да одите наоколу со вакво нешто што вперува пиштол во нечие лице, а токму тоа го прават невакцинираните луѓе.“