Во филмот не се споменува: Погледнете како изгледа ќерката на Тома Здравковиќ
Овие денови поради филмот „Тома“ се пишува и зборува за легендарниот пејач на народна музика Тома Здравковиќ. Тој имал две деца, а вака изгледа неговата ќерка Жаклина.
Филмот „Тома“ моментално претставува едно од сигурно најпопуларните остварување. Го следи животот на Тома Здравковиќ, со микс од фикција и реалноста, се смееме и плачеме, но нема да ве остави рамнодушни кога ќе го гледате.
Иако таа не се споменува во филмот, Тома Здравковиќ имал две деца, ќерката Жаклина и синот Александар.
Ќерката Жаклина ја добил од бракот со Олгица, со која се запознал во зрењанинскиот хотел „Војводина“.
Олгица и Тома се венчале во 1963 година, а набрзо потоа и се развеле. Жаклина е прво дете на Тома, а денес живее во Холандија. Таа е мајка на две деца, а за Србија ја поврзуваат спомените за познатиот татко.
Изгеда дека навистина ја потсетува на Тома, а песните кои на неа оставиле најголема трага, како што пренесуваат медиумите се „Тужно лето“ и „Киша је падала“.
„Еден краток период од мојот живот живеев со него и кога умре, бев многу, многу тажна. Живееш со фактот дека тој е дел од тебе, дека постои во мене, во мојот брат, во песните, во другите луѓе на кои има дал убави сеќавања“ - своевремено раскажа Жаклина.
Синот Александар, полубратот на Жаклина, Тома го доби од бракот со сопругата Гордана.
фото: YOUTUBE PRINTSCREEN