Во исти костими за капење: Како уживаат на Миконос ќерките на Сузана Гавазова? (ФОТО)
Летото започна, а со негото и летните одмори. Пред почетокот на работната сезона, фолк пејачката Сузана Гавазова, реши да ги наполни батериите и тоа, ни помалку ни повеќе, туку на грчкиот остров Миконос.
Од таму секојдневно споделува фотографии и видеа, на кои покажува како ужива во убавините на еден од најубавите острови во Грција.
Освен одличната фигура, Гавазова откри дека со неа се и сопругот и ќерките Емили и Селена.
Таа сподели неколку фотографии на кои се гледа колку се забавуваат нејзините наследнички, но и откри дека тие имаат исти костими за капење.
фото: Принтскрин / Инстаграм