Во ниту еден момент нема да ви биде здодевно: 10 идеи за забава на Нова година во домашни услови
Подгответе ги најдобрите забавни активности, блескавите украси и дочекајте ја Новата година во стил...
Дочекот на Новата 2021 година ќе изгледа многу поинакво од минатогодишните прослави. Наместо да одиме на забава со пријателите, многумина од нас оваа вечер ќе ја поминат на својот кревет.
И наместо во јануари да влеземе во десетина пријатели, листата на гости е ограничена, а домашните забави се забранети. Но, тоа не значи дека нема да можете добро да се забавувате. Дајте и удар на короната со најдобрата новогодишна забава и тоа дома.
Оваа година празниците се поважни од било кога. Изминатите месеци беа вистински предизвик за многу од нас, а новогодишната ноќ е совршен ден за размислување и ресетирање. Сериозно, има ли подобро време за да се насочите на сето она што го имате постигнато и што имате надминато до последниот ден во годината?
Пред да чукне 12 часот, подгответе се забава со овие свечени карантински идеи во новогодишната ноќ. Веруваме дека барем неколку ќе ви се допаднат.
# Направете новогодишен „brunch“
Ова е најдобар оброк и затоа ќе сакате да го јадете за време на новогодишниот ден. Нашиот предлог се меки американски палачинки, кои можете да ги украсите со шлаг и со јагоди.
# Декорирајте го домот
Не би имало дочек доколку нема украси. Внесете го празничнио дух во домо со балони на кои пишува 2021, кои можеш да ги најдеш скоро во секоја продавница. Истите може да ти послужат и како позадина за фотографиња.
# Направете споменар
Не може да негираме дека 2020 година беше година за паметење. Обележете ги изминатите 12 месеци, така што ќе си напишете белешки или ќе направите фото албум. Тоа е одличен начин за развивање на креативноса.
# Дотерајте се за дочекот
Нема врска што нема да одите никаде. Тоа што ќе останете дома не значи дека мора да носите пижами. Облечете го омилениот празничен фустан и некоја смела новогодишна шминка.
# Фотографирајте се
Сите сакаат убава фотографија, а ти можеш да ја направиш во своето катче за фотографирање: купи многу различни детали во продавниците (шарени панделки, пластични очила, луди шешири), а на ѕидот залепи сребрена и златна хартија - фотографиите ќе блескаат.
# Запешете ги новогодишните одлуки
Бидејќи оваа година останувате дома, имате дополнително време за да поработите на новогодишните одлуки. Обидете се да покриете многу сегменти од животот, како што се образованието, здравјето, финансиите и грижата за себе и подгответе се за најдобрата година досега.
# Играјте некоја друштвена игра
Најдоброто во врска со забавите се игрите, па затоа подгответе неколку за новогодишната вечер. Доколку прославуваш со пријателите преку „Зум“, таму ќе ве очекуваат неколку игри.
# Направете тегла за спомени
Еве забавна идеја за новогодишната вечер: направете „тегла за спомени“ која ќе ја чувате во следните 12 месеци. Секој пат кога ќе се случи нешто неверојатно, напиши го на ливче хартија и стави го теглата. Можете дури во неа да ставате карти за концерти, претстави, кино. Следната новогодишна вечер може да ја отворите теглата и да се потсетите на убавите моменти.
# Изгледајте филм
Запалете неколку свеќи и набавете грицки, одберете некои празнични филмови и уживајте во идеалната вечер.
# Направете новогодишни колачиња
По година, како 2020, сите заслужуваме повеќе од еден десерт. Затоа, 31 декември посветете го на правење на новогодишни колачиња - медењаци. Лесно се права, може да ги декорирате и дефитивно ќе уживате во конзумирањето.