Во општество во кое жената прва се спротивставува на друга жена: Силна осмомартовска порака на Милена Радуловиќ

Во општество во кое жената прва се спротивставува на друга жена: Силна осмомартовска порака на Милена Радуловиќ

Објавена во: Живот // Живот

Милена Радуловиќ со силна порака им го честиташе 8 март на сите од понежниот пол.

Објавата на српската актерка, во која таа индиректно споменува сè низ што поминуваше откако објави дека нејзиниот наставник по глума Мирослав Мика Алексиќ ја силувал и малтретирал, ви ја пренесуваме во целост.

„Во општество во кое жената прва се спротивставува на друга жена, како што често се случува во нашата земја, нема да има напредок и безбедност, кои на секоја жена ѝ се потребни за да цвета, создава и раѓа слободно.

Само во општество, во кое знаеме дека можеме да сметаме едни на други, со сета наша упорност, убавина и сила, ќе ги реализираме целосно своите потенцијали и ќе го „родиме“ светот во кој нашите ќерки ќе бидат сестри една на друга.

Неодамна и самата почувствував дека кога ние, сестрите, ќе се обединиме, нема посилна сила. Новата женска револуција на взаемна љубов и поддршка не смее да запре.

Ве сакам жени! Ви благодарам!"


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: