Во пижами и со пунџа: Теодора Џехверовиќ објави досега невидена фотографија од детството
Имала долга руса коса и голема насмевка која ја има задржано до денес...
Миленичката на помладата популација и популарната пејачка Теодора Џехверовиќ каде и да се појави прави одлична атмосфера. Таа е препознатлива по својата привлечност кога ќе се појави на сцена, а сега во јавноста се појави нејзина фотографија од детството.
Како што е познато, Теодора како мала одела на часови по балет и отсекогаш била слаба. Имала долга руса коса и голема насмевка, која ја има задржано до денес.
Џехверовиќ воопшто не се срами од своите фотографии кога била мала, а во една прилика со своите следбеници на Инстаграм сподели фотографија од семејниот дом во родното Панчево, на која позира во пижами. Дека умее да се пошегува на своја сметка говори и описот на фотографијата, на која за себе вели дека е „клемпава“.
Пејачката денес има 24 години и е максимално посветена на својата кариера, која континуирано ѝ оди во нагорна линија. Заљубена е во кошаркарот Нино Челебиќ со кој е во врска повеќе од една година.