ВО ПОПЛАВИТЕ ВО ЊУЈОРК ЗАГИНА 2-ГОДИШНО ДЕТЕ: Рекордните поплави однесоа најмалку 9 животи

ВО ПОПЛАВИТЕ ВО ЊУЈОРК ЗАГИНА 2-ГОДИШНО ДЕТЕ: Рекордните поплави однесоа најмалку 9 животи

Објавена во: Живот // Живот

Најмалку девет лица загинаа во поплавите во Њујорк и Њу Џерси, според извештаите на њујоршката полициска управа (NYPD) и градоначалникот Хектор Лоре од градот Пасаик во Њу Џерси.

Њујоршката полиција пријави седум смртни случаи во Њујорк, а најмалку еден смртен поради поплавите во Пасаик. Меѓу жртвите е и двегодишно момче, пишува Си-Ен-Ен.

Повеќе од 17 сантиметри дожд падна во пет области во Њујорк во период од пет часа, бидејќи остатоците од ураганот Ида предизвикаа фатални поплави низ североистокот на САД.

Кога ќе се пресмета рекордната количина дожд што падна на оваа област, тоа е приближно на количината на вода што би пополнила 50.000 олимписки базени, рече метеорологот на Си -Ен -Ен, Педрам Јавахери.

Оваа количина на врнежи е огромна за секој дел од светот, но да се стави во урбана средина, станува уште попроблематична, додаде тој.

Исто така, Њуарк го доживеа својот најврнежлив ден во историјата, со речиси 22 сантиметри дожд во средата.

Во Њујорк е прогласена вонредна состојба поради обилните дождови и поројните поплави, а градоначалникот Бил Де Бласио ги повика луѓето да останат дома.

Ова се најретките временски предупредувања и се резервирани само за време на поплави опасни по живот.

„Никогаш порано не било издадено за Њујорк“ - вели метеорологот Си-ен-ен Педрам Јавахери.

фото: ED JONES / AFP / PROFIMEDIA

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: