Во потрага сте по љубов: Внимајте, кога е голем изборот на партнери мозокот се збунува!
Иако апликациите ни нудат многу повеќе можности за избор на партнер или партнерка, тоа всушност може и да ги намали шансите за пронаоѓање на сродна душа, бидејќи нашиот мозок може поднесе само одреден број избори.
„Проблемот е во тоа што човековиот мозок е изграден да може да се носи со толку избори, па поради тоа не би требало да комуницираат со повеќе луѓе истовремено“ - тврдат американската сексуална терапевтка д-р Емили Морс и антрополог Хелен Фишер за Independent.
За успешно да го запознаете „оној вистинскиот или вистинската“ преку апликации, Фишер советува да не се допишувате со повеќе од 9 луѓе истовремено.
„Запознајте барем еден од „кандидатите“. Што повеќе знаете за некој, толку личноста и повеќе ви се допаѓа“ - вели Фишер и додава дека тоа „правило“ еднакво се однесува и на мажите и на жените.
Истражено е дека трендот одење на состаноци со повеќе луѓе всушност ја намалува шансата да пронајдеме совршен партнер.