Во придружба на Камила и Кејт: Зошто кралицата Елизабета ги насмеа сите присутни на самитот Г7?

Во придружба на Камила и Кејт: Зошто кралицата Елизабета ги насмеа сите присутни на самитот Г7?

Објавена во: Живот // Живот

Фотографии кои веднаш го заобиколија светот!

Самитот на Г7 трае три дена и започна завчера во Велика Британија, а таму се состанаа претставници на најразвиените земји. На самитот се појавија и трите дами од британското кралско семејство, кои толку ретко имаме можност да ги видиме заедно!

Тоа секако се кралицата Елизабета, а со неа и војвотката од Корнвол, Камила Паркер и војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон. 

На церемонијата на започнување на иницијативата „Големиот ручек“ со Кејт Мидлтон и Камила, кралицата Елизабета направи невообичаена работа и ги насмеа сите присутни па и цел свет.

По тој повод, таа мораше да исече голема торта, и на задоволство на присутните, реши да го стори тоа со голем меч. „Не мислам дека ова ќе успее“, рече таа откако се увери во тежината на мечот. Некој од присутните рече дека има и нож што може да се искористи, а одговорот на кралицата ги насмеа сите присутни. "Знам дека пима нож! Вака е поневообичаено", рече кралицата.

ВИДЕО:


фото:profimedia

извор:glossy/index.hr


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: