Во продавница за неколку минути троши по 24 просечни македонски плати: Кризирам ако видам дека имам помалку од милион долари

Во продавница за неколку минути троши по 24 просечни македонски плати: Кризирам ако видам дека имам помалку од милион долари

Објавена во: Мода // Moj стил

Позната е како прво дете на геј двојка во Британија, ја отвори душата за својот, повеќе од раскожен начин на живот...

Некои се едноставно родени под среќна sвезда. Во прилог на ова е приказната за една млада инфлуенсерка Сефрон Друт Барлоу, која своевремено истакна дека знае дека повеќето луѓе се препотуваат пред да го проверат салдото на сметката, но дека таа се поти само во еден случај - кога на сметката има помалку од милион.

Ако се прашувате која е оваа девојка, 21 - годишната Сефрон во јавноста стана позната како прво дете на геј двојка во историјата на Велика Британија. Станува збор за мултимилионерите Бери и Тони Друт Барлоу. Шефрон вели дека се вознемирува само ако види дека на сметката има помалку од еден милион долари.

Оваа девојка живее под лупа на јавноста уште од раѓање, а нејзините татковци не криеја дека решиле целосно да ја расипат. На тој начин, од нејзините „скромни“ џепарлаци ќе ви се заврти во главата. Имено, таа добивала само 5.000 американски долари за „основните работи“, а покрај тоа имала кредитна картичка без ограничување ако сакала нешто дополнително.

Сефи, како што самата се нарекува, откри дека поголемиот дел од тоа секогаш го трошела на дизајнерски парчиња и третмани за нега. Сега, кога таа има своја линија за козметички производи, нема џепарлак. Сепак, секако, многу и помага тоа што еден од нејзините татковци, Тони, ѝ даде дури 15 милиони долари за да ѝ помогне да започне бизнис.

Меѓутоа, ако помисливте дека сега, кога заработува свои пари, таа се смирила и е порационална во трошењето, за жал, тоа не е така. Сефи вели дека сигурно не ги намалила трошоците, бидејќи нема џепарлак.

„Не е многу соодветно да кажам точно колку пари имам, но имам многу. Кризирам само ако видам дека имам помалку од еден милион долари. Не можам да имам помалку од милион, ќе почнам да плачам“ - вели оваа девојка.

Таа исто така вели дека и недостасуваат времиња кога живеела со џепарлак.

„Влегувам во продавницата и трошам 10.000 американски долари за неколку минути. Туку така, без размислување. Можев да купам што сакам, родителите никогаш не ми забрануваа ништо. Јас сè уште ја имам таа картичка без ограничување, но ја користам само во итни случаи“ - вели таа и додава дека нејзините браќа Аспен (21), Орландо (17) и близнаците Далас и Џаспер (11) исто така имаат иста таква кредитна картичка. Првичниот план беше да ја имаат само за целосно непредвидени околности, но секој од нив понекогаш троши за каприци со неа.


„Тато Тони постојано ми замеруваше што трошам премногу, тато Бери не се грижеше. Како и да е, имаме пари колку што сакаме, зошто да не трошам? Јас најмногу трошам на облека, излегување на ВИП места и луксузни патувања. Додека не дојде до пандемија, испраќав авион низ целиот свет за да ги земе моите пријатели, да излеземе заедно. Се разбира, јас плаќав за сè. Јас сум воспитана така што тие ме научија дека најбогатите во општеството секогаш ја плаќаат сметката. Некогаш сум најбогата во општеството, некогаш некој друг. Кога некој друг има повеќе пари од мене, тогаш плаќа тој“ - вели Сефрон.

Таа исто така вели дека во такво општество важно е да се истакне дека имате пари, така што секој ја зграпчува сметката и остава огромни бакшиши.

„Една година бевме во Хрватска, работевме на шоуто „Под палубата“. Оставив бакшиш од 15.000 долари“ - рече таа на крајот.


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: