Во Србија има само еден таков: Лепа Брена го израдува синот со подарок кој вреди цело богатство
Југословенската музичка дива е горда мајка на Стефан и Виктор Живојиновиќ, а српските медиуми тврдат дека таа за својот помлад син подготвила неверојатен подарок...
Пејачката Лепа Брена наводно му купила на својот син Виктор автомобил вреден 150.000 евра, а го почастила со најновиот модел на БМВ, М5 Ф90 без да штеди ниту едно евро, тврдат српските медиуми, со што наследникот на династијата Живојиновиќ стана прв сопственик на овој скапоцен автомобил во Србија.
„Автомобилот што Брена го купи за нејзиниот син е произведен во 2020 година и ги има само стотина во целиот свет. Еден беше увезен во нашата земја - оној на Виктор. Кога го доби автомобилот, „полуде“ од среќа“ - вели извор близок до семејството Живојиновиќ.
Тој додава дека Виктор веднаш сакал да го обележи својот автомобил, па на автомобилот ставил персонализирани регистарски таблички.
„Плати 87.532 динари за да ги напишат неговите иницијали на табличките, плус мораше да искешира пари за редовна регистрација, што чини околу 270.000. Што го регистрираше автомобилот, веднаш почна да го вози. Воодушевен е од автомобилот! Тој цело време би се возел.“
Бидејќи БМВ-то на Живојиновиќ има дури 600 коњски сили, мама Брена го предупредила својот син да внимава додека вози.
„Тој автомобил е вистински ѕвер! Неговата максимална брзина е 250 километри на час, но исто така може да се зголеми на 305. Според официјалните податоци, тој модел може да достигне 100 за три или четири секунди, а само 11 секуди му се потребни за да забрза од нула до 200 километри на час. Бидејќи Виктор е сè уште дете, кое има само 21 година, Брена мораше да има сериозен разговор со него пред да му ги даде клучевите. Таа го предупреди дека мора да ги следи прописите и внимателно да вози.“
Според изворот, музичката дива и нејзиното семејство го зголемиле своето богатство благодарение на мудрите инвестиции.
„Брена со години не живее од пеење. Таа и нејзиниот сопруг Боба Живојиновиќ секогаш инвестирале пари мудро, имаат неколку бизниси и за нив нема зима дури и кога целиот свет е во криза“ - објаснува нашиот соговорник.