Во Србија ја избраа за „Поп пејачка на годината“: Антониа се појави во чизми над колена и фустан кој може да го имате и вие (ФОТО)

Во Србија ја избраа за „Поп пејачка на годината“: Антониа се појави во чизми над колена и фустан кој може да го имате и вие (ФОТО)

Објавена во: Moj стил, Музика

Антониа Гиговска го освојува Балканот...

Младата и талентирана македонска пејачка, која јавноста ја запозна од музичкото натпреварување „Ѕвездите на Пинк“ е незапирлива. Освен што ангендата со настапи ѝ е преполна и скоро секој ден е во различен град, таа успеа да стигне во Сокобања, Србија и да ја подигне наградата која ја доби на доделувањето на „Tube Star Awards“.

Имено, во Србија Антониа го доби признаението „Поп пејачка на годината“, каде пред публиката го отпеа хитот „Могли смо у двоје“. 

Од настапот на нејзиниот Инстаграм профил сподели и неколку фотографии и видеа. За нејзината модна комбинација зборуваат сите, а истата можете да ја имате и вие. Имено, краткиот тексас фустан на Адидас, може да си го купите за нешто повеќе од 60 евра, а со бели чизми над колена, како на Антониа може да додадете малку елеганција на целокупниот изглед.

„Ви благодарам Сокобња на оваа прекрасна вечер, што ја пеевте мојата песна „Могли смо у двоје“ и за наградата „Поп пејачка на годината“ од Македонија“ - напиша нашата пејачка покрај фотографиите и видеата кои ги објави на својот Инстаграм профил.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Moj стил, Музика

Можеби ќе ве интересира: