Во транспарентен комбинезон на „забава во меурчиња“: Јелена Карлеуша и Милица направија хаос за роденденот на Павловиќ
Познато е дека популарните пејачки се блиски пријателки, па затоа Јелена Карлеуша беше една од најважните гости на гламурозната прослава за 30-тиот роденден на Милица.
Пејачката Милица Павловиќ синоќа го прослави својот 30-ти роденден во белградски ресторан со нејзините најблиски пријатели, членови на семејството и соработници, а меѓу нив беше и нејзината драга колешка Јелена Карлеуша.
Бидејќи постарата од двете Лавици е позната по контроверзниот и необичен стил кој секогаш привлекува внимание, од неа можеше да се очекува уште една необична комбинација на облека, па Карлеуша не ги разочара своите обожаватели. Таа се појави во полутранспарентен тесен црн комбинезон кој открива голем дел од кожата и ја нагласува извајаната фигура и деколте на Јелена, а го искомбинира со едноставни црни високи потпетици и кожена чанта Диор.
Милица бак блескаше во мини розов фустан.
Двете пејачки беа меѓу највеселите, а се забавуваа лудо и во пена.
Погледнете како изгледало сето тоа: