Во Виена им го прослави роденденот на ќерките: Суши и огномет за наследничките на Карлеуша (ФОТО)
Пејачката секогаш ги изненадува Атина и Ника, а друштво им правеше нејзината тетка Данијела и пријателот Зоран Бирташевиќ...
Јелена Карлеуша отпатува со ќерките Атина и Ника во Австрија, за да ги прослават нивните родендени во кругот на најблиските.
Со нив беа и тетката на пејачката Данијела, со која заедно го прославија роденденот во луксузен ресторан во Виена. Богатата трпеза, суши, балоните и огноментот ги воодушевија девојчињата.
За оваа прилика Јелена носеше долг бел фустан на едно рамо, додека сестрите носеа црни модни комбинации.
Еден ден порано ја прошетаа австриската престолнина, а Јелена Карлеуша со наследничките беше и на шопинг.
На ова дружење им се придружи и пријателот и менаџер на Јелена, Зоран Бирташевиќ.
Пејачката секогаш организира одлична забава за роденденот на своите наследничка, па така минатата година за роденденот ги однесе во Париз.
Како изгледаше целата забава, погледнете во продолжение:
фото: Принтскрин / Инстаграм