Во „Ѕвездичките на Пинк“ навиваше за неа, сега заедно настапија на големата сцена: Гоца Тржан и Мартија Станојковиќ во дует (ВИДЕО)
Додека се натпреваруваше во „Ѕвездичките на Пинк“, Мартија Станојковиќ беше еден од фаворите за победа. За неа, особено навиваа Гоца Тржан и Милан Станковиќ, кои тогаш беа дел од жирито.
Сега, неколку години подоцна, за време на настапот кој Гоца го имаше во Битола, Мартија и беше специјална гостинка. Имено, тие двете на големата сцена, заедно со камерниот оркестар ја отпеаја песната „Загрли“.
„Сега е девојка и убавица, а беше толкава“ - вака ја најави Гоца нашата млада пејачка, по што веднаш и двете се фатија за микрофоните.
„Огромна чест и задоволство е да бидам на иста сцена со камерен оркестар и Гоца Тржан. Битола, вие сте прекрасни“ - напиша Мартија покрај фотографиите и видеата од настапот.
Инаку, за овој настан, Гоца Тржан носеше црно бел долг фустан, а Мартија во долг тесен фустан во зелена нијанса.
фото: Принтскрин / Инстаграм