Војаж е во врска со ќерката на познат српски пејач: Се прошетаа прегрнати, а потоа им се препуштија на страстите (ФОТО)
Љубовта не одбира ни време ни место, а Војаж и неговата нова избраничка не се криеја од очите на јавноста...
Популарниот пејачк Михајло Веруовиќ, попознат како Војаж е уловен со новата девојка. Тие двајца се прошетаа по популарниот земунски кеј, по што вечераа во еден ресторан.
Заљубената двојка во текот на преубавата вечер уживаше и на покрај Дунав, каде што паднаа и првите бакнежи.
На основа на фотографиите кои се појавија во јавноста, може да се заклучи дека неговата нова девојка е ќерката на познатиот српски пејачк Харис Џиновиќ, Џина Џиновиќ.
Како што пренесуваат српските медиуми, Михајло и Џина цело време наводно биле многу блиски, а дека нивниот однос е повеќе од пријателски, се виде по тоа што прегрнати шетаа низ Земун, а во еден момент им се препуштија и на страстите и сочните бакнежи, и тоа додека гледале јато лебеди во реката.
„На сите кои таа вечер се најдоа на Гардош им беше јасно дека тие двајца се во врска, а тоа е далеку од пријателство. По романтичната прошетка, тие дојдоа во ресторан фатени за рака. Седеа еден до друг, често се гушкаа, а во еден момент дури падна и бакнеж. Беа многу опуштени, бидејќи ресторанот беше речиси празен. По вечерата си заминаа прегрнати, а цело време се смешкаа еден на друг“ - изјави извор за Курир, каде што може и да ги видите фотографии од нивното прво појавување во јавноста како двојка.
Судејќи според фотографиите тие се во врска, а неодамна и двајцата ги демантираат натписите во медиумите, кои упатуваа на тоа.
„Брат и сестра. Имам момче, Михајло ми е брат“ - нагласи тогаш Џина, која до неодамна беше во врска со младиот фудбалер на „Црвена ѕвзда“, Андреј Ѓуриќ.
фото: Принтскрин / Инстаграм