Војаж ги загрижи обожавателите: Ја откри причината зошто го нема на социјалните мрежи
Младиот изведувач морал да се повлече...
Михајло Веруовиќ, попознат како Војаж, е многу активен на социјалните мрежи. Меѓутоа, неколку дена го немаше, а тоа ги загрижи неговите обожавателите. Тој сега се огласи и објасни за што станува збор.
Имено, како што наведува, тој се разболел, и поради тоа бил приморан да ги откаже двата настапи во Македонија - едниот во Струмица, а другиот во Виница, но и да се повлече од социјалните мрежи.
„Поради својата моментално лоша здравствена состојба, приморани сме да ги откажеме претстојните настапи. Се надевам дека ќе разберете и дека наскоро ќе се видиме во некој нов термин кога ќе оздравам. Од таа причина воопшто не сум активен на социјалните мрежи“ - порача пејачот.
Бидејќи неодамна се врати од американската турнеја, и постојано работи, нема сомнеж дека Војаж се префорсирал, а сосема сигурно е дека ќе се потруди што е можно побрзо да оздрави и да излезе пред својата публика.