Војаж призна на кој ја има посветено новата песна: Таа девојка ја запознав на море, беше првата што ме одби (ВИДЕО)

Војаж призна на кој ја има посветено новата песна: Таа девојка ја запознав на море, беше првата што ме одби (ВИДЕО)

Објавена во: Stars // Музика

Младиот рапер проговори и за соработката со Валентино, пријателството со Анастасија Ражнатовиќ, односот со Елена Китиќ и многу други нешта, за кои интересот кај јавноста е голем.

Вчера во Белград се одржа промоцијата на новата песна на пејачката Валентино, која носи наслов „Туга са Балкана“, а на која се најдоа многу негови колеги од естрадата како Бобан Рајовиќ, Гога Секулиќ, Михајло Веруовиќ Војаж, Јанко и други.

Она што е интересно е дека текстот на оваа песна го има напишано токму Војаж, кој првпат се потпушува зад својата авторска работа. Со оглед на реакцијата на публиката, песната има предиспозиции да стане хит, а бидејќи се пријатели, Војаж за својата работа не сакал хонорар.

„Ова е наша прва соработка и прв текст под кој сакав да се потпишам, пред сѐ затоа што сме пријатели и затоа што му ја подарив“ - вели Војаж и открива на кој е посветен емотивниот текст за неверството.

„Па, некое „НН“ лице е во прашање. Секој кој ќе се пронајде“ - остана мистериозен раперот, кој потоа проговори за својата нова песна „Танго“, за која пак призна која девојка го инспирирала за да напише толку интересен текст.

„Таа песна е инспирирана од една девојка која ја запознав на море и која многу ми се допадна. Песната ѝ е посветена на неа. Таа пред сѐ е една дома која е потполно недопирлива. Тоа беше првпат да видам дека не можам ништо да направам, постави дистанца и тоа многу ми се допадна.“


Михајло потоа зборуваше за својот рецепт за соборување рекорди на слушаност, со оглед на тоа што секоја негова песна кога ќе се објави, е на високите позиции на трендинг листата.

„Нема тука некоја фама, музиката е моја магија. Никогаш не сум вложувал во реклама, во маркетинг“.

Бидејќи веќе некое време во јавноста се шпекулира за неговата наводна романса со Елена Китиќ, Војаж за српските медиуми го демантираше тоа низ насмевка.

„Луѓето зборуваат сешто, но тоа не е точно: Елена и јас сме пријатели и соработници.“

За крај порговори и за односот со Анастасија Ражнатовиќ.

„Анастасија е кралица и моја навистина многу добра другарка. Прекрасна деовјка, полна со почит и култура. Секогаш сум расположен да работам со неа“.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: