Војаж за драмата од Бранковиот мост: Откри како ја спречил девојката да се самоубие
Младиот пејач детално објасни како се одвивала ситуацијата, нагласувајќи дека било навистина напнато додека не пристигнала полциијата, како и Брзата помош...
Михајло Веуровиќ - Војаж за српските медуми објасни како успеал да го спречи самоубиствоти на непозната девојка. Таа, според претходните наводи, стоела од другата страна на оградата на Бранковиот мост, а кога ја здогледал, веднаш скокнал од велосипедот и ѝ помогнал.
„Никола и јас заедно возевме велосипед на Бранковиот мост, одевме до градот. Видовме дека девојката ја премина оградата. Во моментот кога ни изгледаше дека сме доволно блиску, само скокнавме и ја фативме околу градите и горниот дел од телото. Помеѓу нас беше оградата на Бранковиот мост. Цврсто ја држевме на работ за да не се фрли“ - го започна разговорот за „Курир“, па истакна дека ја смирувале велејќи ѝ дека во неа можеби гледаат сојузник, пријател и дека низ што и да поминува, не е сама.
Да потсетиме, покрај полицијата и Брзата помош, на крајот на драмата и кумот на Војаж бил на местото на настанот.
„Генерално, ние зборувавме со неа. Ја смирувавме и ѝ зборувавме дека не е сама и дека низ што и да поминува дека може да зборува со нас, ако е потребно и цела вечер и ден. Ѝ кажавме дека во нас може да види сојузник и приајтел и дека низ што и да поминува не е сама. Така ја држевме некое време. Не сакам сега да откривам сѐ, тоа сепак е нејзин приватен живот и приватна работа, тоа сега не е ни важно. Во следниот момент дојде уште еден човек, потоа таа почна малку да се предава, сфативме дека тоа е тоа. Сите тројца ја зграбивме и ја префрливме преку оградата. Моравме да ја држиме додека да дојде полицијата и Брзата помош“ - заклучи младиот музичар.
фото: Printscreen од Јутјуб