Војна на социјалните мрежи поради видео на ученичка од Србија: Ја фатија како им плука на наставниците во кафето- на некои им е смешно, други се згрозени
На интернет почна да кружи видео од мало девојче кое плука во кафето на наставниците, некои се смееја на овој чин, а други остро го осудија
На социјалните мрежи на 9-ти ноември почна да се шири видео наводно од училиште во Србија, кое згрози многумина. Како што може да се види на видеото, една ученичка плука во мал термос со кафе од наставниците, додека нејзината другарка стои на стража. Некој друг сето тоа го снимил и го објавил на „TikTok“, а видеото подоцна било споделено на други мрежи.
Поголемиот дел од луѓето во коментарите оваа акција ја сметааа за смешна, па се сетија на времето кога направиле нешто слично, додека друга група луѓе се огласија и го осудија овој чин.
„Ова ѝ го направив на една лоша девојка од мојот клас“- беше еден од коментарите.
Другата група беше згрозена и додаде дека тоа се случило и во нивните училишта и немало никакви последици.
„Ова се случи во мојата гимназија пред неколку години и колку што се сеќавам немаше буквално никакви последици. Барем да го направеа тоа на некој ужасен професор, па човек да разбере, но не, буквално му го направија на најдобриот и најомилениот на сите студенти."
Па нема оправдување никому да му го правиш ова. Прво ништо не постигнуваш па после сè друго... Искрено на 13-14 години не знаеш како да се справиш со твојот пораз и плукаш во кафето на луѓето. Баш ме интересира каква ќе биде на 30 и во што ќе плука тогаш“, „Застрашувачки е бројот на луѓе кои коментираат дека некому би му го направиле ова. Буквално ми се гади!“
Некои луѓе дури се согласија дека соодветната казна за такво дело би била исфрлање од училиште.
Погледнете го клипот: