Вознемирувачко, бизарно, страшно: Канје Вест го киднапира и закопува новото момче на Ким Кардашијан во новиот спот

Вознемирувачко, бизарно, страшно: Канје Вест го киднапира и закопува новото момче на Ким Кардашијан во новиот спот

Објавена во: Живот // Живот

Канје Вест и Ким Кардашијан пред една година соопштија дека се разделуваат, а ријалити ѕвездата минатата есен почна да се гледа со Пит Дејвидсон. Што се дозна за нивната врска, Вест почна да се однесува бизарно: имаше страствени врски со повеќе девојки и истовремено јавно ја молеше Ким да се смират, ѝ се закануваше во една песна дека ќе го претепа младиот актер и комичар, споделуваше шеги на негова сметка на Инстаграм, купи куќа спроти Ким... Но, сега, токму на денот кога судот во Лос Анџелес го одобри барањето Ким Кардашијан и пред законот да биде слободна жена, Канје отиде еден чекор напред.

Раперот го објави спотот за својата нова песна „Eazy“, во која Канје десет пати рапува на дрвен ковчег, по што се гледаат фигури од глина кои потсетуваат на Дејвидсон и на него. Фигурата во облик на Канје ја киднапира онаа што личи на Пит, а потоа ја врзува и ја носи ја носи во напуштена област, каде што ја закопува во земја до вратот и околу главата му става рози. Тие растат и цветаат со текот на времето, а Пит гледа како Канје ги зима и носи. Според американсктие медиуми, станува збор за јасна референца за букетите рози што ѝ ги испрати на Ким Кардашијан за Денот на вљубените.

На крајот, истакнат е натписот „Сите живееја среќно засекогаш, освен Скит. Се шегувам, добро е“.

Инаку, Канје често во своите напади преку Инстаграм, Дејвидсон го нарекува Скит.



Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: