Враќање во 2000 година: На модната сцена настапуваат фармерките кои на повеќето девојки не им се омилени
Еден модел сигурно ќе ти падне на ум и шансите дека си во право сигурно се големи...
Модните трендови доаѓаат и си одат, а понекогаш знаат и да се вратат. Некои се навистина супер и ни е мило кога ќе се вратат, но кога е во прашање овој тренд, на никој нема да му биде мило што се враќа.
Фармерките со низок струк. Неоудобни и не стојат добро на некој кој не изгледа како сестрите Хадид, но наскоро повторно би можеле да ги преплават продавниците. Кога фармерките со висок струк странаа популарни, сите сфативме дека ова модно парче може да биде удобно и истовремено да изгледа добро. Секој може да пронајде модел кој ќе му стои добро. Ова не е случај со фармерките со низок струк. Сѐ повеќе се зборува за нив, а модните магазини и познатите одеднаш почнаа многу да ги спомнуваат.
Враќањето на овој модел на фармерки изгледа како неизбежно. Супермоделите и генерацијата „Зет“ веќе ги носат, а во последно верме токму тие се заслужни за креирањето на модните трендови кои доминираат. Предуслов за да овие фармерки ви стојат одлично е да сте слаби како суермоделите, додека фармерките со висок струк би биле идеални за девојките кои имаат облини и кои сакаат да ги сокријат вишокот килограми. Фармерките со низок струк само дополнително ќе го нагласат секое парче торта кое го имате изедено.
Многу девојки на социјалните мрежи се сложија дека без оглед на тоа колку се модерни, нема сила која ќе ги натера некогаш да купат вакви фармерки.