Вреќа за ѓубре или вистинска чанта? Балесиага предизвика дебата поради продажбата на необичниот моден додаток (ФОТО)

Вреќа за ѓубре или вистинска чанта? Балесиага предизвика дебата поради продажбата на необичниот моден додаток (ФОТО)

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби целта им било да предизвикаат дебата, особено околу цената...

Баленсиага повторно ги воодушеви сите, но не на толку добар начин како што прави вообичаено. Во прашање се чанти, но не онакви какви што очекувавме, бидејќи, мораме да признаеме, сите се изненадија од овој модел.

Во рамките на зимската колекција на Баленсиага за оваа година, освен разните парчиња облека, во март на ревијата се претставија и новите модели на чанти на овој бренд кои неодамна беа пуштени во продажба. Овие ченти сега предизвикаа огромна реакција на сите социјални мрежи, бидејќи во прашање не се обични чанти, туку оние кои со изгледот потсетуваат на вреќи за ѓубре.


И навистина биле инспирирани од вреќите за ѓубре, бидејќи изгледаат скоро па идентично како оние кои купуваат во обични продавници за домаќинство. Тие чанти доаѓаат во дури три бои - бела, црна и сина! Но, она што сите ги налути е цената на овие вреќи за ѓубре. Во прашање е цена од 1.790 долари, како што наведува „Daily Hive“.



Поради овие чанти беше започната вистинска дебата, а според неа очигледно е дека никој не ја одобрува цената на овие чанти, исто како и нивниот изглед, бидејќи никој не би сакал да носи вреќа за ѓубре по улица Но, како што секој производ има свој купец, сигурни сме дека свои купци ќе имаат и овие чанти. Оние вистинските љубители на модата и модните трендоив сигурно ќе ги купат овие необични вреќи за ѓубре.

фото: Принтскрин / Твитер


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: